Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Мислење - Советодавно тело за судиска етика
 
April 11, 2022
 

Советодавното тело за судиска етика при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, на седница одржана на ден 11.04.2022 година, донесе:

МИСЛЕЊЕ БР.03

1. Судија/судија -поротник, како и секој друг граѓанин, има право на здружување што вклучува и право да членува во спортски здруженија и асоцијации, но при остварување на овие права, секогаш треба да се однесува на начин со кој треба да се зачува и да не се прекршува принципот на интегритет и судир на интереси во вршењето на судиската функција.

2. Судија/судија -поротник, може да посетува спортски натпревари, под еднакви услови како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации.

3. Ако следење спортски натпревари, судијата/судијата - поротник го остварува под поповолни услови од условите како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации, со користење на одредени погодности (обезбедување „бесплатен билет„ и друго), таквото прифаќање преставува повреда на основните и општите принципи (интегритет и судир на интереси), предвидени во Кодексот за етика на судии/судии поротници, само во случај ако:

  •  е поврзано во вршењето на судската функција;

 

  • создава перцепција на несоодветно влијание;

 

  • предизвикува креирање реципроцитет, односно чувство на обврска кај примателот на погодноста да возврати на одреден начин на давателот на погодноста;

 

  •  влијае на создавање на култура на општо прифатливо однесување;

 

  • создава услови за компромитирање на независноста, непристрасноста и угледот на судскиот систем.

О б р а з л о ж е н и е

До Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници поднесено е барање од судија на Основениот суд Кавадарци со прашања:

- дали судија може да членува или не во спортски здруженија или асоцијаци и дали таквото членство преставува судир на интереси, и нарушување на интегритетот;

- дали судија може да посетува и следи фудбалски натпревари и дали тоа претставува судир на интереси и повреда на интегритет и

- дали се повредувени некои принципи на етчкиот кодекс и кои и на други околности за кои Советодавното тело смета дека се однесуваат на судија во врска со спортски активности

Советодавното тело разгледувајќи го барањето, согласно содржината во Преамбулата на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници, како основа за искажување на мислењето зема во вид дека јавната доверба во судскиот систем и во моралниот авторитет и интегритет на судството е од голема важност во едно демократското општество, дека од исклучително значење е судиите, поединечно и заеднички, да ја почитуваат судската функција, да се стремат да ја подобрат и да ја одржат довербата во судскиот систем, доследно почитувајќи ги основните принципи на Обединетите нации за независноста на судството и Бенгалорските начела за судско поведение, кои се осмислени како разумни правила содржани во Кодексот, така што сите делови од него треба да се читаат заедно како целина и секоја одредба треба да биде толкувана во контекст на секоја друга одредба и во согласност со неа, кои истовремено треба да се применуваат и во согласност со Уставот, законите и меѓународните конвенции ратификувани согласно Уставот, но и согласно другите прописи и подзаконски акти (релевантни околности).

Истовремено, ја имаше во вид својата улога да искажува советодавни мислења и совети во однос на едно или повеќе прашања поврзани со етичкото однесување на судијата/судијата поротник, односно соодветното извршување на судиските должности и избегнување на судирот на интереси на судиите и судиите поротници во приватниот живот и вршењето на судиската функција, како и превентивната цел од искажаните мислења, кои треба да укажат кои поведенија претставуваат повреда на принципите на судискиот Кодекс, па во рамки на тоа искажа Мислење бр.3 од причина што :

Согласно чл.58 од Законот за судовите предвидена е Забрана за примање подароци, или дека судијата во врска со вршењето на судиската функција, не смее да прима подароци, или да користи други погодности и олеснувања.

Во глава III од Кодексот за судска етика, во поглавјето за Интегритет, е предвидена императивна норма која забранува примање на подароци за судиите и судиите поротници, како за материјални подароци така и нематеријални бенифиции.

Понатаму во Кодексот се дава детално објаснување што се подразбира под поимот материјални податоци, под поимот нематеријални бенифиции и под поимот протоколарни подароци.

3.4.1. Забраната за примање подароци се однесува на материјални подароци и нематеријални бенефиции.

3.4.2. Под материјален подарок се подразбира пари, хартии од вредност, предмети, права и други услуги понудени на судијата или судијата поротник или нему блиски лица за преземање односно непреземање на определено дејствие при вршење на судиската функција.

3.4.3. Под нематеријална бенефиција се подразбира секоја корист за судијата/судијата поротник, која не се обезбедува со плаќање, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски и одредбите од овој Кодекс. Нематеријалната бенефиција исто така подразбира попуст во цени и услуги поради функцијата на судијата/судијата поротник, како и бесплатен професионален совет на судијата/судијата поротник.

3.4.4. Под протоколарен подарок се подразбираат подароци примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, приеми гостувања или прослави, чија вредност не надминува 3000 денари во дадена година.

3.4.5. Претседателот на судот води Регистар со податоци за протоколарни подароци во кој го внесува: видот на подарокот, вредноста на подарокот, подарувачот, примачот, времето и местото на примање. Податоците од Регистарот за протоколарни подароци, претседателот на судот ги испраќа до Советодавното тело за судиска етика.

Согласно одредбите предвидени во Кодексот за етика на судиите/судии поротници (кој дава насоки и обезбедува структура за регулирање на однесувањето, манифестирана на високо ниво на одговорност и етика) се очекува правилата содржани во него, носителите на судиските функции да ги искажуваат според стандардите што го одредуваат однесувањето на судиите и судиите поротници. Во случајот прашањата од судијата се однесуваат на примена на принципот на судир на интереси и принципот на интегритетот, кој претставува атрибут на чесност и праведност и на судир на интереси, така што судијата или судијата поротник секогаш не само во извршувањето на службените должности постапува чесно и на начин што е од корист за соодветното вршење на судиската функција, се однесува беспрекорно од гледна точка на секој разумен набљудувач (3.1 од Кодексот) со кое како во професионалниот, така и во приватниот живот, ја потврдува довербата на луѓето во интегритетот на судството (3.2 од Кодексот). Во таа смисла, судијата/судијата поротник како предмет на постојано набљудување од страна на јавноста, слободно и доброволно прифаќа лични ограничувања кои обичниот граѓанин може да ги смета

за преголемо оптоварување; тој е должен во вршењето на судиската функција и активности надвор од судот да развива стандарди на однесување кои придонесуваат за зачувување на угледот и достоинството на судот и судиската професија; тој не смее да го користи угледот на судиската функција за задоволување на приватните интереси; забрането е примање материјални подароци и нематеријални бенефиции и дека заедничката карактеристика на подароците и нематеријалните бенефиции во контекст на судир на интереси е таа дека истите се даваат односно примаат во директна или индиректна врска со вршењето на судиската должност.

Отука, според мислење на Советодавното тело, Судија/Судија поротник, како и секој друг граѓанин, има право на здружување што вклучува и право да членува во спортски здруженија и асоцијации, но при остварување на овие права, секогаш треба да се однесува на начин со кој треба да се зачува и да не се прекршува принципот на интегритет и судир на интереси во вршењето на судиската функција.

Исто така според мислење на Советодавното тело, Судија/Судија поротник, може да посетува спортски натпревари, под еднакви услови како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации.

Според мислењето на Советодавното тело, ако при следење спортски натпревари, судијата/судијата - поротник го остварува под поповолни услови од условите како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации, со користење на одредени погодности (обезбедување „бесплатен билет„ и друго), таквото прифаќање преставува повреда на основните и општите принципи (интегритет и судир на интереси), предвидени во Кодексот за етика на судии/судии поротници, само во случаеви како што е наведено во точка 3 од диспозитивот на Мислењето.

Советодавното тело со ова Мислење, уште еднаш сака да им укаже на судијата/судијата поротник при активното членување и дејствување особено во спортски здруженија, таквото членување треба внимателно да се испита од аспект на актуелни пречки (вмешаност на политиката во одредени спортски гранки) или можноста одредени активности да бидат предмет на судски постапки. Во таа смисла е потребно да се избегнува членството во спортски здрженија чии активности од аспект на редовно и разумно резонирање оставаат впечаток на недозволени активности, било заради честото појавување пред суд, или заради активности кои се оценети од јавноста како неетички и морално спротивни.

Скопје 11.03.2022 година

 

 

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)