ЧЕСТИТ ДЕН НА ПРАВОСУДСТВОТО
Денес, човековата цивилизација е исправена пред нови предизвици, кои го менуваат светот на планетарно ниво. Момент, кој го менува и нашето однесување и одговорност.
Битката, која се води од страна на здравствените работници со пандемијата, ни дава обврска да ги удвоиме нашите напори за обезбедување на услови за нормално функционирање на правосудниот систем, владеење на правото и правната сигурност, во вакви специфични околности.
Во специфични околности е создаден и нашиот правосуден систем, како потреба на народот, кога на 31 март 1945 година, со Повелбата на АСНОМ се поставуваат темелите на нашиот судски систем.
Историската димензија, ја импонира потреба од секојдневна верификација на сегашноста и планирање на иднината, градење на визија, кон современ систем на правна држава, во секакви услови, при што концептот на правна држава, секојдневно отвара нови хоризонти и оди чекор понапред, кон нови сфери на човековите слободи и права, во различни фази и услови на функционрање на државите.
Ваквиот концепт, бара широка подршка од надлежните власти (институции), во насока на обезбедување на неопходни правни, материјални и останати претпоставки, за функционирање на правосудниот систем.
Во овој момент, и во вакви услови кога се одложени традиционалните активности на Здружението на судиите, за одбележување на Денот на правосудсво, На сите судии им го честитаме денот на судството, со надеж за побрзо надминување на моменталната состојба предизвикана од Пандемијата, но и надеж за подобврување на севкупните услови за работа на судиите, во напорите за воспоставување на вистински независен и самостоен правосуден систем, судство со интегритет и доверба, како гарант за човековите права и слободи.
Свесни за предизвиците на времето, на тој пат и натаму ќе чекориме заедно и со иста цел.
Управен одбор на ЗСРМ
|