Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Презентација на Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството
 
May 20, 2021
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија Д-р Џемали Саити на ден 12 мај 2021 година  во својство на модератор учествуваше на презентацијата на Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството, настан организиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи. Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Воспоставување аналитички и мониторинг алатки за следење на реформите во правосудниот сектор во Република Северна Македонија“ имплементиран од ЦПИА, и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Од страна на д-р Џемали Саити беше поздравен целокупниот процес на подготвување на Извештајот, притоа истакнувајќи ја неговата голема важност како документ кој овозможува кредибилна анализа, заснована на научни методи и  емпириски истражувања, особено во делот на мерењето на ефектите од реформите во областа на правосудството.

Извештајот е резултат од второто национално мерење спроведено преку Матрицата на индикатори за следење на правосудните реформи која е предвидена како механизам во Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 година во делот на Стратешкото планирање и креирање на политиките.

Целта на извештајот е да му помогне на судскиот систем да ги оцени клучните области на активност и да ги евалуира достигнувањата на реформите во конкретните области на евалуација на Матрицата, но и да послужи како основа за утврдување на приоритетите за судските реформи и натамошен развој на правосудниот сектор. 




Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)