Министерството за Правда на Република Македонија и Здружението на судиите на Република Македонија, организираа стручна расправа за реформата во правосудството со фокус на Законот за судовите и Законот за Судски Совет и идните предизвици согласно План 3-6-9 на Владата на Република Македонија и Стратегијата за реформа на правосудството.
Во досегашните активности беа искажани јасните определби на Владата за реформа на овој сектор, а притоа фокусот беше ставен на законите кои се однесуваат на одделни статусни прашања на судиите како што се: евалуацијата, дисциплинската постапка за одговорност на судиите, изборот и разрешувањето на судиите, транспарентност на постапката, градењето на објективни и мерливи критериуми за евалуација на судиите како и поставеноста на Судскиот совет во однос на овие прашања.











 |