Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Одржана првата Меѓународна Судска Конференција во Охрид, 28-29.10.2016
 
November 03, 2016

     Во периодот од 28-29 Октомври 2016 година, во Охрид се одржа прва Меѓународна судска конференција во организација на Врховниот суд на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија, а во соработка со CEELI Institute Prague и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, на која учествуваа претседатели на судови и судии од повеќе држави и претставници на здруженија на судии од регионот.

    Во рамките на работниот дел на Конференцијата беа дискутирани повеќе теми, а во фокусот беа панел дискусиите на теми: независност на судство; судска одговорсност и етика; како и односот помеѓу медиумите и судството. Во овој дел излагачите ги споделија искуствата од земјите од кои доаѓаат, добрите практики, дилемите и предизвиците со кои се соочуваат во поглед на законодавната, финансиска и функционална независност; поддршка на позитивната перцепција за судството и почитување на неговата независност; транспарентното судство; континуираната едукација и судската етика, по што беа усвоени соодветни заклучоци.

    На иницијатива на Здружението на судиите на Република Македонија, претставниците на здруженијата на судии учесници на конференцијата ја усвоија Охридската Декларација за воспоставување на регионална мрежа за независно судство, со цел унапредување на стандардите за независно судство согласно Мислењето бр. 3 на Консултативниот совет на Европските судии.


Охридска декларација.pdf
Ohrid Declaration - eng 1.pdf 

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)