Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Делегација на Здружението на судии на студиска посета во Загреб, Р.Хрватска
 
July 14, 2017
 Студиската посета е остварена со поддршка на Европската Комисија, преку TAIEXинструментот за техничка помош и размена на информации.

Целта на посетата беше размена на искуства во делот на организацијата и улогата на здруженијата на судии во правосудсниот систем, особено во делот обезбедување независност и одговорност на судиите.

Во текот на пет дневната посета, делегацијата на Здружението на судии на Република Македонија оствари средби со претседателот на Здружението на судии на Р.Хрватска, г-дин Дамир Контрец, и почесниот претседател, г-дин Ѓуро Сеса. Исто така, се сретнаа со претставници на Државниот Судски Совет, Министерството за правда на Р. Хрватска, Врховен суд на Р.Хрватска, Правосудната Академија на Р.Хрватска, првостепените и апелациските судови.

Од остварената студиска посета се утврди дека е избран соодветен модел на правосуден систем за остварување на оваа посета, од која се осознаени и анализирани релевантни правни институти кои би можеле да се применат во Р.Македонија. Општ е заклучокот дека поставената агенда беше сеопфатна и повеќе – димензионална, со добро конципирани теми кои беа адекватно презентирани, притоа беше избран непосреден интерактивен пристап, кој се должи на практичната поставеност на колегите од Р. Хрватска и истоветноста на повеќе законски решенија во двете држави, особено тие од процесен карактер.

Непосредно осознаените работи и изготвениот извештај од оваа посета ќе бидат основа за дебата во ЗСРМ во однос на идната поставеност на правосудниот систем во РМ.

На маргините на оваа студиска посета, делегацијата го посети Правниот факултет во Загреб, при што по претходно остварени контакти и потребни подготовки претседател Саити, во името на ЗСРМ потпиша Меморандум за соработка со Хрватската асоцијација за европско кривично право, застапувано од проф.д-р Злата Ѓурѓевич.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)