На 15 јуни 2021 година, Претседателот на Здружението на судиите д-р Џемали Саити учествуваше на јавната дебата организирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата на тема: Истражувања и анализи на состојбите со корупцијата во правосудството, на кое имаше свое излагање.
Претседателот Саити ја потенцираше важноста на истражувањата во мерењето на јавното мислење и довербата на граѓаните во судството, притоа осврнувајќи се на активностите на Здружението на судиите, ја нагласи улогата на Советодавното тело за судиска етика, во имплементацијата на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници, во делот на корупцијата и судирот на интереси, како превентивен механизам.
Посебен акцент беше ставен на улогата на Судско медиумскиот совет при Здружението на судиите, кој од една страна овозможи отварање на судството кон медиумите, а од друга, го подобри пристапот на медиумите кон судството, а во насока креирање на реалната слика и зголемување на довербата во судството. |