Судско медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, денес оствари состанок на кој беа раззгледувани приоритетите од проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на СМС“ имплементиран од страна на Здружението на судиите и Амбасадата на САД во Северна Македонија. Претседателката на Советот, г-ѓа Гордана Дувњак, пред присутните ја отвори расправата за точките на дневниот ред кои се разликуваат по нивната приоритетност и важност во однос на транспарентноста во судството.
Најпрво беше дискутиран односот на Врховен суд на Република Северна Македонија спрема медиумите и политиката за донесување на одлуки за присуство на медиуми во судницата. Советот изразе загриженост за состојбата за уназадување на практиката за издавање решенија и притоа формира група од членови кои би оствариле средба со в.д. Претседателот на Врховен суд, за подобрување на оваа практика.
Во однос на унапредување на транспарентност во судовите, Советот формира работна група од 5 членови кои ќе остварат состанок со претставниците од меѓународната заедница за формирање на медијски центри во судовите, со акцент на Апелационен суд Скопје.
Во однос на законските измени, Советот донесе одлука, во рамките на проектот да се формира работна група која ќе ги истражи и ќе даде препораки за сите одредби во позитивните законсји решенија кои се однесуваат на транспарентноста.
Од аспект на подобрување на законската рамка во однос предложените решенија од обуката „Новинарска школа за новинари“, претставници од Советот ќе остварат средба со Министерот за правда, за со цел, препораките од Советот да се земат предвид при изготовка на измени на клучните законски решенија, а пред се судскиот деловник што е во надлежност на Министерството за правда.
|