Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Информација за активностите на Здружението на судиите на РМ во однос на платите и додатоците на плата на судиите по одржаната средба во Владата на РМ на 04.02.2019 година
 
February 13, 2019
 

Информација за активностите на Здружението на судиите на РМ во однос на платите и додатоците на плата на судиите по одржаната средба во Владата на РМ на 04.02.2019 година

 

На ден 04.02.2019 година, по пат на електронска комуникација подружниците беа известени за остварената средба на претседателот на Здружеието на судиите и четирите претседатели на апелационите судови во Влада на РМ, на која беа предложени конкретни мерки за системско решавање на проблемот со платите на судиите (прилог: емаил – комуникација од 04.02.2019).

По добиените произнесувања од помал број од подружниците, а во врска со информацијата за средба во Влада на РМ, истите го искажуваат нивниот став во однос на понудената предлог спогодба како и активностите во однос на остварување на правото по судски пат.

За ова прашање, на ден 07.02.2019 година  се произнел Судски буџетски совет со што оценува дека: „Понудата е фер и достоинствена бидејќи со неа не се решава само прашањето на неисплатените заостанати додатоци на плата на судиите, туку се отвара одлична можност за да се изнајде системско решение за платите на судиите преку водење на преговори за корегирање на коефициентот за утврдување на платите на судиите. Судско буџетскиот совет е подготвен испалата н а заостанатите додатоци од плата да се реализираат во моментот кога ќе бидат исполнети условите предвидени со Закон за наменско користење на буџетските средства“ (ова известување е пратено до претседателите на судовите).

На ден 12. 02.2019 година, претседателот на Врховниот суд на РМ оствари средба со претседателите на судовите на РМ, на која беа присутни претседателот на Судски Совет и претседателот на Здружението на судиите на РМ. На средбата претседателите на судовите ги презентираа ставовите на судиите изразени на одржаните колегиуми во секој од судовите поединечно и заклучија: „Се прифаќа компромисниот предлог за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во Република Македонија“ (види: СООПШТЕНИЕ од 12.02.2019 година на веб страна на Врховен суд на РМ.

Здружението на судиите на Република Македонија, подолг период се занимава со прашањето на платите и другите статусни прашања на судиите. Преку своите претставници има остварено повеќе средби со релевантни институции, додека оганите на ЗСРМ имаат донесено повеќе документи и акти со конкретни предлог -  мерки за решавање на ова прашање, при што овие ставови се пренесени преку повеќе соопштенија, а на последното Собрание одржано на 25.10.2018 година, расправајќи по посебниот Извештај за активностите за платите на судиите, изготвен од страна на претседателот на Здружението на судии, Собранието усвои конкретни мерки, по што Управниот одбор пристапи кон нивна конкретна реализација.

Така, со одлука на Собранието беше формирана Работна група од судии на ниво на држава кои судат работни спорови, која по одржани два состаноци за анализирање правните можности за исплата на додатоците на плата на судиите и системско решавање на платите на судиите, излезе со конкретни заклучоци со кои се препорача судиите, правото за неисплатените додатоци да го остварат по судски пат како и да се преземат активности за измена на Законот за плата на судиите во однос на основицата за пресметка на плата и коефициентот за утврдување на платата на судиите.  Овие препораки беа усвоени од страна на Управниот одбор, кој согледувајќи повеќе барања на подружниците, одлучи да се даде можност ова прашање да се решава по пат на преговори со релевантните институции. (види СООПШТЕНИЕ на веб страна на ЗСРМ) .

Тргнувајќи од овие заклучоци, претседателот на ЗСРМ заедно со четирите претседатели на апелационуте судови остварија средба со премиерот и претставници на Владата, од која произлезе пакетот на предлог мерки за кои требаше подружниците и секој судија поединечно да се произнесе.

Во таа насока, по сите овие настани опишани погоре, претседателот на ЗСРМ закажа седница на Управен одбор што ќе се одржи на 15.02.2019 година во 12:00 часот, со единствена точка на дневен ред за завземање на став по ова прашање.

Во тој контекст, уште еднаш го афирмираме ставот дека платите и останати примања по основ на плата се лични и поединечни права  на судиите и за истите тие треба да одлучат поединечно,притоа имајќи го предвид понудениот пакет од страна на Владата на РМ, средствата за остварување и времето, но секако и перспективата на отворениот дијалог и можните трајни решенија во полза на судиите.

 

 

Скопје, 13.02.2019 година

 

Здружение на судиите на Република Македонија,

                                                                                                                Претседател,

                                                                                                                                        Д-р Џемали Саити

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)