Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
одржана регионална конференција и свечена академија по повод денот на правосудството
 
April 10, 2018
 Транспарентноста на судството е клучна за враќањето на довербата на граѓаните во судската власт. Правосудните реформи треба да се реализираат заради граѓаните и заради нивното право на пристап до правдата и на пристап до независен и објективен суд кој ќе гарантира фер судски постапки.

Овие теми беа во фокус на дводневните дискусии во рамки на конференцијата од регионален карактер, на која покрај домашни судии и други правни практичари, учество земаа претставници од здруженијата на судии од регионот: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија и Албанија.

Поздравни обраќања на настанот имаа д-р Џемали Саити, судија на Врховниот суд и претседател на Здружението на судии, Алфредо Стриполи, раководител на Отсекот за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ во Скопје и заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски. Во поздравните обраќања беше потенцирано значењето на денешниот настан, како и улогата на Здружението на судии, кое, како што подвлече неговиот претседател Саити, е посветено на градењето независно судство и зајакнат квалитет на правдата како исклучително важен сегмент во реформите на правосудството.
Алфредо Стриполи нагласи дека е од голема важност што на денешниот настан ќе се говори за теми и прашања од областа на судството, кои ќе имаат придонес кон успешното спроведување на поставените цели за квалитетот на правдата во Македонија.
Заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, потенцираше дека за спроведувањето на реформите во правосудството потребна е волја и заедничко учество на сите чинители, правосудни, но и политички, кон создавање на применливи законски решенија, во согласност со Стратегијата за реформи. Најважно е, нагласи Ристовски, што реформите се насочени кон она што значи фер и правично судење.
Говорејќи за независноста и транспарентноста на судството како гарант за квалитетна правда, претседателот на Кривичниот суд, судијата Иван Џолев, подвлече дека токму граѓаните се  најголемиот суд за судиите, кој најдобро говори за квалитетот на судската работа. Судиите, посочи Џолев, не може да бидат оценувани со некакви математички операции и збирови бидејќи таквите оценувања служат да се наметне страв кај судиската фела, а создаваат и можности за уцени.
Судијата Бетим Јахја на денешната конференција се осврна на прашањето за предизвиците на практиката поврзани со судската независност и непристрасност, а по неговото излагање се разви дебата за состојбата на судствата во регионот, за која говореа претставниците на здруженијата од земјите во Југоисточна Европа.
Вториот ден од конференцијата беше посветен на презентација на Стратегија вмрежување на здруженијата на судии од регионот. Идејата за здружување од ваков вид беше за прв пат презентирана на Охридската конференција во 2016, за која Здружението изминатиот период работеше на анализирање на потребите и подготовка на иницијални документи за реализација на истата. Судија Татјана Сусулеска детално ги образложи причините и активностите предвидени за реализација, по што следеше дискусија помеѓу учесниците од регионалните здруженија.
По одржувањето на дискусионите панели, следеше Свечена академија за одбележување на Денот на правосудството, на која  присуствуваа министри, амбасадори, претставници на правосудната фела и други гости.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)