Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити на 11.4.2016 година, оствари средба со претседателот, г-дин Бранко Ушковски и членовите на Судскиот Совет на Република Македонија.
По информирањето на Судскиот Совет за моменталната состојба во Здружението на судии на Република Македонија, од страна на претседателот на Здружението, и по разгледување на приоритетите на Здружението, беше констатирана потребата за идна заедничка соработка во насока на унапредување и јакнење на независноста и самостојноста на судиите, јакнење на нивниот статус, како и заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција.
Оваа средба е реализирана на иницијатива на претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д–р Џемали Саити, на која беа разгледани и други прашања од заеднички интерес.
|