Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
СООПШТЕНИЕ
 
October 25, 2016
 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Здружението на судиите на Република Македонија, со особено внимание ги следи актуелните состојби во судството, особено прашањата кои се однесуваат на независноста, непристрасноста, евалуацијата и одговорноста, како највисоки дострели утврдени во Уставот на Република Македонија, законите од областа на судството како и меѓународните документи и тоа особено Европската конвенција за човекови права, Бенгалорските начала, Големата повелба за судиите, како и Мислењето бр. 3 на Советодавниот совет на Европксите судии при Советот на Европа.

Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа судијата истата треба да ја подржи и да дава пример на судската независност и во нејзиниот индивидуален и институционален аспект.

Здружението на судиите укажува дека, судијата ја врши судската функција независно врз основа на неговата проценка на факти и во согласнот со совеснто разбирање на законот, без никакви надворешни влијанија, потикнувања, притисоци, закани или мешање, директно или индиректно од која било страна или од било која причина.

Здружението на судиите на Република Македонија укажува дека, последицата на судската власт и довербата на доделените судии од страна на општеството, е потребата од постоење на инструмент кој ќе ги одржува судиите одговорни и ќе овозможи, дури и нивно отстранување од функцијата во случај на грешки во однесувањето, толку големи што ја оправдуваат таквата мерка. Потребата за внимателно препознавање на ваквата одговорнсот прозлегува од потребата да се заштитат судската независност и слободата од несоодветен притисок.

Здружението на судиите на Република Македонија, укажува дека, согласно Амандман XXV од Уставот на РМ, судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Согласно Амандман XXVII од Уставот на РМ, Здружението на судиите на РМ, укажува дека судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки. Судија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Исто така, Здружението на судиите на Република Македонија укажува дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законот и дека, никој неможе да биде привелигиран од одговорност доколку евентуално сторил било какво кривично дело, а со оглед на сензитивноста на судската функција Здружението, укажува на посебна внимателост во делот на постапувањето, преносот на информациите, како и на примената на начелата кои се дефинирани согласно позитивните прописи и меѓународните стандарди и права за извршување на судската функција.

Здружение на судиите на Република Македонија

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)