На ден 12 февруари 2021 година ( петок ) Судско-медиумскиот совет при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставуванo од претседателот судија д-р Џемали Саити, претседател на ЗСРСМ и судија Иван Џолев, Претседател на Судско-медиумскиот совет и Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија, претставувано од Ацо Колевски, Претседател на Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка.
Водени од потребата за меѓусебна соработка заради ефикасно спроведување на своите надлежности утврдени со Закон, потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на судската транспарентност потписниците, се согласни заеднички да соработуваат во зајакнување на соработката меѓу Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија. |