Европската асоцијација е регионална група во рамки на Меѓународното здружение на судиите (IAJ), чија примарна цел е заштита на независноста на судството во целиот свет. Во насока на постигнување на оваа цел, Централниот совет на IAJ се состанува еднаш годишно, а Регионалните групи два пати во годината. За време на ваквите состаноци, на пленарните сесии се разговара и се даваат предлози во врска со, меѓу другото, резолуции и декларации кои се однесуваат на состојбите во судството во одредена земја или земји, како и ad hoc работни групи кои подготвуваат нацрти кои потоа се доставуваат до централниот совет. Студиските комисии може да се формираат за да се испитаат проблемите што влијаат врз судството во одредена земја. За време на таквите мисии, делегатите на IAJ се среќаваат со локалните судии, претседатели на судови и членови на судски совети, како и со членови на законодавната и извршната власт. Во таа насока, се носат мислења во однос на законски решенија и административни акти кои влијаат врз судството.
Во прилог е Извештај од учеството на годишната средба во Копенхаген, изготвен од судијата Бетим Јахја.
ИЗВЕШТАЈ-ГОДИШЕН СОСТАНОК НА ЕВРОПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ, 9-11 Мај , 2019.pdf