Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
X - то Годишно Изборно Собрание на Здружението на судиите на Република Македонија
 
June 27, 2014
 

X-то ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Здружението на судиите на Република Македонија на ден 20.06.2014 година во Големата сала на Врховен суд со почеток во 12:00 часот ја одржа десеттата седница на Годишно Изборно Собрание.

На седницата присуствуваа делегати од сите подружници на Здружението на судиите на Република Македонија, како и други поканети гости меѓу кои и Претседателот на Врховен суд, г-ѓа Лидија Неделкова, која од името на Врховниот суд во своето обраќање ги поздрави присутните и изрази надеж дека како во досегашниот така и во идниот мандат Здружението ќе ги оправда целите и задачите на своето постоење и ќе продолжи да се грижи и залага за унапредување на судскиот интегритет, самостојноста и угледното вршење на судиската функција.

Во рамките на работниот дел на седницата на Собранието, Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија судија Николчо Николовски го поднесе Извештајот за работата на Здружението на судиите на Република Македонија за периодот 2010 – 2014 година. Претседателот накратко ги изнесе активностите на Здружението за тој период и нагласи дека од позиција на судија на Врховниот суд на Република Македонија не е ниту малку едноставно да ја врши и должноста Претседател на Здружението, но тоа за него воедно претставува и задоволство насочено кон застапување и бранење на дигнитетот, интегритетот и интересите на судиите. Во вршењето на функцијата Претседател, тој истакна дека пред се бил воден од предлозите и сугестиите на судиите членови на Здружението на судиите на Република Македонија.

Претставниците на Подружниците на Здружението на судиите на Република Македонија, меѓу другото, го усвоија Финансискиот извештај за работата на Здружението на судиите на Република Македонија во периодот од 2010 – 2013 година кој го реферираше Претседателот на Надзорниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, Благоја Бошковски - Претседател на Основен суд Крушево.

Кандидационата комисија во согласност со претходно добиените предлози од Подружниците, пред делегатите го изнесе Извештајот за предлагање на членови во Управниот и Надзорниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, кој беше едногласно усвоен.

За членови во Управен одбор беа избрани:

1. Николчо Николовски – судија на Врховен суд на Република Македонија (досегашен состав)

2. Стојанче Рибарев – Претседател на Апелационен суд Штип (досегашен состав)

3. Ханиф Зендели – Претседател на Основен суд Тетово (досегашен состав)

4. Владанка Панчурова Сулејманова – судија на Виш Управен суд (досегашен состав)

5. Санде Зиков – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје (досегашен состав)

6. Џемали Саити – судија на Врховен суд на Република Македонија

7. Надица Андреева – судија на Апелационен суд Скопје

8. Јоска Матески – судија на Апелационен суд Битола

9. Миралем Асани – судија на Апелационен суд Гостивар

10. Зоран Соларски – судија на Основен суд Куманово

11. Сашко Ѓеорѓиев – судија на Основен суд Штип

12. Ифет Бајрамовски- судија на Основен суд Струга

13. Антоанета Димовска – судија на Основен суд Скопје 2 Скопје

14. Иван Џолев – судија на Основен суд Скопје 1 Скопје

15. Магдалена Мишоска – судија на Основен суд Гостивар

За членови на Надзорниот одбор беа избрани:



1. Лидија Тасева- судија на Врховен суд на Република Македонија

2. Нуман Лимани- судија на Апелационен суд Скопје

3. Бошко Богдановски – судија на Апелационен суд Битола

4. Изет Исмаили – судија на Апелационен суд Гостивар

5. Данка Ристова – судија на Апелационен суд Штип





По предлог на Кандидационата комисија, кој беше едногласно усвоен од страна на делегатите на Х – то Годишно Изборно Собрание, за Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија беше избран Николчо Николовски, судија на Врховен суд на Република Македонија – досегашен претседател.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)