На 1 и 2 Ноември во Охрид, Здружението на судиите со поддршка од Амбасадата на САД во РМ и CEELI Институтот за вледеење на правото ја организираа третата по ред, Меѓународната судска работилница на тема “Ефективна имплементација на реформирниот концепт на Судски совет”. Целта на настанот е да обезбеди форум во кој излагачите и учесниците ќе имаат можност да разговараат за улогата, надлежностите и ефективноста на реформираниот концепт на судски совет. Свои воведни излагања имаа: проф. Рената Дескоска, Министер за правда на РМ, г-дин Џон Мекнил, правен советник во Амбасадата на САД во РМ, судија Домагој Фрнтиќ, претставник од CEELI институтот и судија д-р Џемали Саити, претседател на ЗСРМ. Во нивните воведни излагања тие ја потенцираа важноста за имплементација на заклучоците од Венецијанската комисија и ГРЕКО извештајот за реорганизација на составот и надлежностите на Судскиот совет, во насока на зајакнување на ефективноста на Советот како тело што ја гарантира независноста на судиите.





|