Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
оддржана 23та седница на управниот одбор на здружението на судиите на република македонија
 
January 17, 2019
На денешната седница, фокусот беше ставен на расправата по заклучокот на работната група за разгледување на правната регулатива во врска со исплата на плати на судиите и други додатоци, предвидени со закон. Управниот одбор го разгледа извештајот на работната група од 21.12.2018 година, а објавен на веб страната на Здружение на судиите на Република Македонија, при тоа, во целост ги поддржа донесените заклучоци кои се однесуваат на платата и надоместоците на судиите, со дополнување на заклучокот од точка 1, при што ја задолжи работната група да изготви иницијатива до Уставниот суд на РМ за одредби од законот за плати на судиите како и да подготви предлог законски измени на законот за плати на судиите.

Во овој контекст, со ова соопштение ги реафирмираме уште еднаш заклучоците на работната група формирана со цел разгледување на правната регулатива која се однесува на исплата на платите на судиите и други додатоци предвидени со Закон, формирана со Заклучок на Собранието на Здружението на судиите на РМ од 25.10.2018:

    1. Во однос на пллатите, предлага соодветни измени на Законот за измена и дополнување на Законот за платите на судиите (Сл.Весник 97/2010), кои се однесуваат на основицата за пресметување на плата на судиите. 
    
    2. Во однос на додатоците на плата, Работната група заклучи дека согласно Законот и другите подзаконски акти, Судско-буџетскиот совет бил должен да врши исплата на додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. Од тие причини, Работната група смета дека судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби. Овие Заклучоци, Работната група ќе ги достави до Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, за натамошно проследување пред налдежните органи ( Влада на РМ; Министерство за правда и Министерство за финансии).

На оваа седница беа разгледани и други прашања кои се однесуваат на реформскиот процес на правосудниот систем, прашања од областа на функционирањето на Советодавното тело за судиска етика и Кодексот на судиите, како и други тековни прашања.
Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)