На ден 21.04.2020година (вторник) во 11 часот се одржа XXXVIII седница на Управен одбор на Здружение на судиите на Република Македонија, на посреден начин, преку мејл/телефонска комуникација поради прогласената вонредна состојба со вирусот Ковид 19. На одржаната седница беше донесена следната одлука:
Управниот одбор на Здружението на судиите го прифати предлогот на Основен граѓански суд Скопје, да се поднесе Иницијатива до Уставен суд на Република Северна Македонија за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со Законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Бр.44 -2867/1 од 7 април 2020 година, Службен весник на Република Северна Македонија Бр.97 од 9 април 2020 година, со предлог за времена мерка.
Иницијативата до Уставен суд ќе се поднесе најдоцна до 24.04.2020 година.
Управниот одбор го прифати предлогот на претседателот на Здружението на судиите, пред поднесувањето на Иницијативата до Уставен суд,до Владата на Република Северна Македонија, да се поднесе Барање за измена и дополнување на Уредбата со Законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Бр.44 -2867/1 од 7 април 2020 година, Службен весник на Република Северна Македонија Бр.97 од 9 април 2020 година, со што ќе го повлече делот кој се однесува на избраните судии и јавни обвинители (член 2 став 3 во врска со член 3).
Барањето до Владата, ќе се поднесе веднаш по завршувањето на седницата на Управниот одбор или најдоцна наредниот ден.
Подружница на Здружението на судии, при Основен граѓански суд Скопје, на 13.04.2020 година, до Здружението на судиите поднесе барање, со предлог Здружението да преземе соодветни мерки и правни механизми пред надлежните органи за заштита на правата на судиите, притоа покажувајќи целосно разбирање во однос на сензитивната состојба во која се наоѓа нашата Држава, во овој момент, а во напорите за најдобро справување со пандемијата, притоа покажувајќи целосна солидарност, која би требало да биде на доброволна основа, но истовремено, остро реагирајќи на присилната интервенција врз нивните лични примање, загарантирани со Устав, Законот за плата на суиите (член 2 став 2) и повеќе меѓународни акти и документи.На 13.04.2020 година, канцеларијата на Здружението на судиите преку меил, предлогот го достави на произнесување на подружниците на ЗСРМ, со рок за произнесување до 16.04.2020 година, во 11 часот. Вклучувајќи го и предлагачот, вкупно се произнеле 21-подружница, исите го подржуваат предлогот на Основниот граѓански суд Скопје, за поднесување на Иницијатива до Уставен суд, со конкретни сугестии.
Управен одбор – Претседател
Д-р Џемали Саити
|