Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Известување на Судско-медиумскиот совет
 
December 14, 2018

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,
Во име на Судско медиумскиот совет на Здружението на судиите на Република Македонија го
испраќам ова известување во знак на незадоволството на Советот од начинот на
кој дел од судската полиција во два наврати постапи со сниматели и
фоторепортери за предметот КОК 40/18, а последно на ден 13.12.2018 година.
Имено, покрај уредно добиените дозволи од Врховниот суд на Република
Македонија (член 360 ст.3 од ЗКП) за снимање на дел од јавната расправа, еден
дел од судската полиција по налог на обвинител Ивана Трајчева, обвинител во
Обвинителството за гонење организиран крииинал и корупција – постапила
надвор од законските овластувања да прегледува и брише снимки од камерите,
со образложение дека на нив ја има во кадар обвинителката.

Во духот на добрата соработка и заложбите на Советот кон
подобрувањето на транспарентноста на судството кон граѓаните, Судско
медумскиот совет бара од Основен суд Скопје1 и Основно јавно обвинителство
за гонење на организиран криминал и корупција, да не дозоволат ваквата
ситуација да се повтори.

Потсетуваме дека, исто како и обвинетите и обвинителката е странка во
постапката и ја претставува институцијата од која доаѓа, а Судската полиција е
одговорна за обезбедување на судот и чување на редот во судницата, а не е
надлежна да диктира што од главната расправа смее да се снима т.е.
фотографира. Снимањето инсерти од судењето не е поради личната желба на
новинарите, туку е дел од нивниот професионален ангажман.

Со почит,
Гордана Дувњак
претседател на Судско-медиумскиот совет

Скопје,
13.12.2018 година

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)