Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
претседателот саити со свое обраќање на деновите на македонската адвокатура
 
May 10, 2019
На свечената академија свои обраќања имаа: претседателот на Адвокатската комора на РМ, г-дин Љубомир Михајловски, претседателот на Уставниот суд на РСМ, г-дин Никола Ивановски, државниот секретар во Министерството за правда на РСМ, г-дин Фатон Сељами, посебниот советник за правда во  Kанцеларијата на претседателот  на Владата на РСМ, г-ѓа Тања Чачарова-Илиевска, претседателот на Здружението на судии, г-дин Џемали Саити,  потпретседателот на Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа (CCBE), г-дин Ранко Пелицариќ, претседателот на на Адвокатска комора на Србија, г-дин Виктор Гостиљац, претседателот на Адвокатската комора на Црна Гора, г-дин Здравко Н. Беговиќ, претседателот на Адвокатската комора на Косово, г-дин Осман Хаволи, потпретседателот на Адвокатската комора на Чешка, г-дин Петр Поледник, г-дин Денис Орлиќ, член на Управниот одбор на Адвокатската комора на Хрватска, г-ѓа Рија Кривоград, член на Управниот одбор на Адвокатската комора на Словенија, г-ѓа Валентина Адиркова, член на Вишиот адвокатски совет на Бугарија и г-дин Пејчо Пејчев, член на Управниот одбор на Адвокатската комора на Софија.

Претседателот Саити ги истакна перманетните заложби за поддршка на Комората, на која како што рече и самиот некогаш припаѓал, од страна на Здружението на судии.

„За важноста на адвокатурата веќе говореа моите претходници  и не треба повеќе да се истакне колку е таа важна, особено во креирање на предуслови за владеење на правото и обезбедување на заштита на човековите права и слободи на граѓаните.

Во изминатиов период бевме сведоци колку оваа Комора придонесуваше кон креирањето на стандардите, на законодавството и на другите предуслови во насока на воспоставување на реални предуслови за фер судење и остварување на правата на граѓаните во судските постапки. Особено би сакал да се осврнам на важноста на оваа фела во креирање на  законите во фаза кога ние пристапивме кон еден нов систем на право во кривичната постапка. како и активностите кои ги развиваше во однос на едукацијата на адвокатите кои настапуваат пред судовите.

Оваа Комора исто така во овој изминат период креираше еминентни правници, еминентни носители на јавни функции кои оставија белег во нашето правно и политичко дејствување.

Во оваа прилика би сакал да истакнам дека се потребни заложби  за зајакнување на позицијата на адвокатурата во Македонија, особено во однос на другите странки постапка - обвинителите.  Во таа насока сметам дека колегите адвокати немаат помала позиција во однос на обвинителите во судските постапки.

Адвокатите се вистински партнер на судовите во однос на корекцијата на судското постапување. Во овој контекст - знаете дека со новите законски измени, адвокатите имаат активна улога и во креирањето на начелните ставови и начелни правни мислења и сведоци сме дека веќе имаме првични резултати во однос на таа корективна функција на адвокатурата во Македонија. И затоа ве охрабрувам континуирано да атакувате на креирање на пракса и начелни ставови во однос на воспоставување на единство на примена на правото во Македонија“, истакна претседателот Џемали Саити.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)