Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Презентација на Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија
 
November 22, 2016
 На 21-22.11..2016 година во  Скопје се одржа презентација на Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија, во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со финансиска поддршка од ИПА – проектот 2010 – „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативните мерки.“

Презентацијата се одржа во присуство на судии и јавни обвинители од четирите апелациони подрачја, претставници на Адвокатската комора на РМ, Нотарската комора на РМ, Комора на извршители на РМ, како и претставници на невладини организации чие делување е во областа на демократија и владеење на правото.

За досегашните искуства од практичната имплементација на Кодексот говореше судијата Шпенд Деваја од Врховен суд на Република Македонија и член на Управен одбор на Здружението на судии на РМ. Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ се задржа на препораките на ГРЕКО од 4-тиот круг на оценка кој бара да се формира советодавно тело кое ќе ги советува судиите во случај кога имаат етички дилеми.

За искуствата од Р.Хрватска зборуваше г-дин Ѓуро Сеса, судија на Врховен суд на Р.Хрватска и претседател на Здружението на судии во Р.Хрватска, а г-ѓа Нина Бетето, судија во Врховен суд на Р.Словенија ги пренесе тамошните практики и препорача етичките стандарди да ги донесуваат самите судии.



Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)