Дванаесетина судии од апелациските подрачја Гостивар и Битола присуствуваа на обуката за комуникациски вештини и односи со јавноста во организација на Судско-медиумскиот совет.
 Учесниците на обуката пишуваа соопштение за јавност, изрекуваа пресуда пред ТВ камера…   Обуката е дел од активностите на Судско-медиумскиот совет, што се реализира со поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, со цел продлабочување на довербата и соработката меѓу судиите и новинарите. |