Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
СООПШТЕНИЕ
 
April 26, 2016
     Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити на ден 26.4.2016 година оствари средба со директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, г-ѓа Анета Арнаудовска.

    На средбата иницирана од страна на претседателот на Здружението, беа разгледани можностите за идна заедничка соработка.

    Од страна на директорот на Академијата, г-ѓа Арнаудовска беше презентирана досегашната соработка со Здружението и можните идни активности во насока на зајакнување на независноста и самостојноста на судството, подигнувањето на професионалните и етичките стандарди, согласно меѓународните препораки и документи усвоени од релевантните институции.

    Претседателот на Здружението информираше за актуелната состојба во Здружението и презентираше конкретни проектни активности кои треба да се спроведат во иднина, при тоа ја истакна исклучителната важност на соработката со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

    Од оваа средба пороизлезе заеднички заклучок дека е неопходно продлабочување на меѓусебната соработка во насока на реализација на активности кои ќе доведат до унапредување на самостојноста и независноста на судството.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)