Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
ИЗВЕШТАЈ од одржанo Собрание на Меѓународното Здружение на Судии
 
September 22, 2021
 

ИЗВЕШТАЈ

од одржанo Собрание на Меѓународното Здружение на Судии (IAJ)

на 11-12.09.2021 година

На 11-12.09.2021 година, преку онлајн платформата ЗООМ, се одржа Собрание на Меѓународното здружение на судии, на кое присуствуваа претставници од 65 здруженија на судии од земјите – членки. Здружението на судии на РСМ беше претставено со два делегата, судиите Бетим Јахја и Ѓорѓи Андонов.

На самиот почеток на собранието се изрази солидарност и поддршка со судиите од Авганистан и се побара сите членки да направат напори за помош на истите, а потоа на собранието се разгледаа и дискутираа повеќе точки и теми од интерес за ИАЈ. Беше избран нов претседател на Здружението, судијата Хозе Игреја Матош од Португалија, кој е досегашен претседател на Европското здружение на судии. Беа избрани и 6 потпретседатели, од кои тројца се од европската зона. И претседателот и потпретседателите беа избрани со акламација. Досегашниот претседател на Здружението, судијата Тони Пагоне од Австралија, е назначен за почесен претседател на Здружението.

Беа разгледани и усвоени извештаите за работата на претседателот, генералниот секретар и на претседателите на регионалните групи за периодот помеѓу две собранија, како и финансиските извештаи за работењето на Здружението. Исто така, беа ратификувани и одлуките на Претседателството донесени за време на пандемијата, а кои се однесуваат на продолжувањето на мандатот на неговите членови и Генералниот секретар заради пандемијата, намалувањето на членарината за 2020 година, како и прекинот на Мониторингот над состојбата на правосудствата во 2020 и продолжување во 2021 година. Беа усвоени и измените на Статутот и правилниците поврзани со состојбата предизвикана од пандемијата.

На ова собрание како членки беа изгласани и примени здруженијата на судии од земјите Габон и Филипини.

Делегатите на ЗСРСМ дадоа поддршка за горе наведените одлуки и ги поздравија одлуките за избор на новото раководство и приемот на нови членки.

По завршувањето на собранието, на ден 12.09.2021 година, се одржа и состанок на Европското здружение на судии (ЕАЈ), на кој делегатите, меѓу кои и од ЗСРСМ, за нов претседател го избраа судијата Џуро Сеса од Хрватска.

Подносители на извештајот:

- Судија Бетим Јахја

- Судија Ѓорѓи Андонов



Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)