Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Здружението на судиите на РМ го одржа XIII-тото Собрание
 
October 29, 2018
 

Во однос на овие две точки од дневниот ред, Собранието ги донесе следните заклучоци:

1. Собранието ги поддржа досегашните активности на претседателот и Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија во однос на реформите во судството, во насока на креирање на услови за независно и самостојно судство и судии со интегритет.

2. Собранието ги поддржа досегашните активности на претседателот и Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија кои се однесуваат на платите на судиите и финансирањето на судството, т.е. реализирање на законски предвидениот процент од бруто националниот производ за финансирање на судството, и ги охрабрува истите да преземат по енергични мерки и активности се до изнаоѓање на конечно решение.

3. Собранието донесе заклучок да се формира работна група составена од судии од четирите апелациони подрачја и Врховен суд на РМ, која ќе ја анализира законската регулатива и постојните процесни претпоставки, со цел судиите своите права во однос на платата и надоместоците да ги остварат преку тужба, односно по судски пат.

Со оваа работна група ќе управува потпретседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, судија Емилија Шопар Јованова. Работната група во рок од два месеци треба да излезе со Извештај пред Управниот одбор на ЗСРМ, кој понатаму ќе ги информира подружниците.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)