Денес на 30.03.2021 година, во организација на Здружението на судии на Република Северна Македонија, а со поддршка на OБСЕ Мисијата во Скопје, по повод денот на Правосудство на РСМ, се одржа, on line Регионална конференција, на тема: “Интегритетот на судијата: нужност или потреба”.
На ова конференција учествуваа судии од РСМ и регионот, како и претставници на невладиниот сектор од областа на владеењето на правото.
Воведни обраќања имаа судиите: Дамир Контрец, судија на Врховен суд на Република Хрватска и претседател на Хрватското Здружение на судии, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд на РСМ, Иван Џолев, Претседател на Основен кривичен суд Скопје, а беше презентирано и излагањето на директорт на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, д-р Наташа Габер Дамјановска.
Воведничарите се осврнаа на важноста на судскиот интегритет, посочувајќи ги правните и фактички предуслови за зајакнување на истиот, и неговото влијание во зголемувањето на довербата во правосудниот систем, за што беа нотирани релевантни заклучни согледувања.
Во свечениот дел свои обраќања имаа: Претседателот на Врховниот суд на РСМ, судија Беса Адеми, Амбасадорот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Клеменс Која, Амбасадорот Дејвид Гир – Шеф на Делегацијата на Европоската Унија во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во РСМ и д-р Џемали Саити, Судија на Врховен суд на РСМ и Претседател на Здружението на судии на РСМ. Линк: Видео од Свечениот дел по повод ден на Правосудството on line Регионална конференција, на тема: “Интегритетот на судијата: нужност или потреба”. https://vimeo.com/531188155
Video od online conferencija po povod denot na pravosudstvoto from Здружение на судите на РСМ on Vimeo.

|