На 12 Ноември во просториите на Здружението на судиите на Република Македонија, Судско-медиумскиот совет ја одржа својата втора седница на која беше усвоен деловникот за работа на Советот.
На седницата се дискутираше за следните чекори на Советот во функција на подобрување на транспарентноста во судството, како и изготвување и изгласување на Стратегија на Судско-медиумскиот совет. Членовите расправаа и за иницијативи за измена на правната регулатива која се однесува на транспарентност на судските процеси, како и усогласување на подзаконските акти кои ја регулираат таа материја. |