Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Oдржана заедничка прес-конференција на претседателот Саити и холандскиот амбасадор Пломп
 
December 21, 2017
 

Во светло на реформскиот процес на правосудниот сектор кој е во тек и континуираните заложби на Здружението кон обезбедување независно и самостојно судство, главната цел на проектот е поддршка за иницијално функционирање и развој на Советодавното тело за судиска етика, што ќе доведе до воспоставување на само-регулаторни механизми за промоција и почитување на принципите на Кодексот за судиска етика од страна на судиите.

На прес-конференција, претседателот Саити и амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп ги презентираа активностите предвидени за реализација во рамките на проектот. Главната цел на проектот е насочена кон етаблирање и функционалност на Советодавното тело за судиска етика на Здружението на судии на РМ. Етаблирањето на телото ќе биде овозможено и преку подготовка на сите потребни документи за неговото функционирање, како и преку подигнување на свеста кај судиите за улогата и функцијата на телото.

Во рамките на проектот, предвидени се активности во делот на подготовката на извештај за статусот на судиите и дисциплинската одговорност на судиите наспроти етичката одговорност и позицијата на слични тела во Србија и соседните земји. Предвидено е и потпишување на меморандуми со сличните судски институции, организирање обуки, работилници и работни седници. Во рамките на оваа активност, веб-страницата на Здружението ќе биде дополнета со веб-платформа за работата на телото, каде што ќе бидат објавени и ќе бидат достапни за јавноста сите одлуки, записници и други новости во врска со неговата работа, со цел овозможување на целосна транспарентност.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)