Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
XXII-ра седница на управен одбор на Здружение на судиите на РСМ - заклучоци
 
May 05, 2023
 

На денешен ден 05.05.2023 година, Управниот одбор на Здружението на судиите на РСМ ја одржа XXII седница на која расправаше за актуелната состојба во судството во Република Северна Македонија, со акцент на последните случувања во Судскиот совет и ги донесе следните:

Заклучоци

1. Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија разгледувајќи ги последните состојби во Судскиот совет изрази надеж и очекување дека Совет ќе биде водилка (гарант) на судската независност и самостојност, преку обезбедување на потребните услови за функционирање на судскиот систем и имплементирање на правните гаранции предвидени во националната и меѓународна регулатива, притоа манифестирајќи релевантен капацитет, (сопствен) интегритет и потполна самостојност и независност, одбивајќи ги сите евентуални влијанија и притисоци во неговото функциионирање и одлучување, низ еден кохезивен пристап и почитување на законските процедури и практиките на доброто владеење како посебна и самостојна власт.

2. Управниот одбор на ЗСРСМ, повикува на единство, дијалог и почитување на евентуалните разлики во самиот Судскиот совет и целокупниот судски систем, не отфлајќи (прифакајќи) го плуралниот пристап и идејниот диверзитет во судската заедница, истовремено почитувајќи го различното мислење на другите власти и општата јавност, и користејќи го истото како мотив за удвојување на напорите за докажување на реалната незавосност и самостојност.

3. Здружението на судиите, ги поттикнува сите судски чинителида вложат дополнителни напори и низ една транспарентна постапка да ги убедат граѓаните на РСМ и општата јавност, дека судскиот систем има капацитет, самостојно да ги надмине сите предизвици и евентуални слабости, било да се тоа системски или од времен карактер, притоа роководејќи се од насоките изразени во Извештајот за напредок на РСМ за 2022 година и Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Северна Македонија.

4. Здружението на судиите уште еднаш укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа истата треба да биде подржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата, само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.

5. Управниот одбор на Здружението на судиите апелира на достојна имплементација на последната Стратегија за реформа на правосудниот систем, во делот на поставеноста на Судскиот совет (полу-професионален состав), како стратешка определба која имаше за цел зголемување на неговата ефикасноста, непосредност односно неоддалечување од судиите како носители на судската власт.

Скопје 05.05.2023 година                                                                                                                     Управен одбор на Здружение на судиите на РСМ

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)