Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
ИЗВЕШТАЈ од одржан состанок на Европското Здружение на Судии (EAJ) на 28.05.2021 година
 
June 08, 2021
На ден 28.05.2021 година, преку онлајн платформата ЗООМ, од 15 часот до 17.45 часот, се одржа редовен состанок на Европското здружение на судии, на кој присуствуваа претставници од 33 земји – членки. Здружението на судии на РСМ беше претставено со два делегата, судиите Бетим Јахја и Ѓорѓи Андонов.

На состанокот се разгледаа и дискутираа повеќе точки и теми од интерес за EАЈ.

На почетокот, се изврши претставување на новите делегати, а потоа на делегатите им се обрати Претседателот на ЕАЈ, Хозе Матош, кој ги поздрави присутните и го најави текот на состанокот. Следуваше обраќање на Тони Пангони, Претседател на Меѓународното здружение на судии (IAJ) кој ги истакна предизвиците со кои се соочува судската фела и здруженијата поради пандемијата, а воедно ја поздрави успешната работа на ЕАJ и претседателот Матош.

Потоа, согласно дневниот ред, беа разгледани следните точки и теми:

- Се разгледа соработката помеѓу ЕАЈ и Европската Мрежа на Судски Совети (ЕNCJ), за што зборуваше претседателот на ENCJ, Филипо Донати.

- Се разгледаа активностите на ЕАЈ во изминатиов период при што излагање имаше претседателот Матош.

- Од страна на делегати се презентираа состојбите и проблемите на судиите и правосудството во Полска, Хрватска, Грција, Словачка и Турција со особен осврт на состојбата со независноста на судството во овие земји и конкретни проблеми, а по однос на Турција беше презентирана и состојбата со Солидарниот фонд за средства кои се даваат на колеги судии кои останале без работа поради прогонот од властите.

- Се презентираа подготовките за Генералното собрание на ЕАЈ/IAJ во месец Септември кое ќе се одржи онлајн и ќе биде и изборно собрание.

- Се изврши претставување на кандидатите за заменици претседатели на ЕАЈ/IAJ – судиите Џуро Сеса од Хрватска, Микаел Сјеберг од Данска и Сабина Матејка од Австрија, за кои нашите делегати изразија поддршка во нивната кампања и посакаа успех.

Со ова беше исцрпен дневниот ред на состанокот и истиот заврши во 17.45.

Подносители на извештајот:

- Судија Бетим Јахја

- Судија Ѓорѓи Андонов

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)