Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Соопштение за XVI-та седница на управен одбор на зсрм
 
January 25, 2018

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седница одржана на 25.1.2018 година, ги избра членовите на Советодавното тело за судиска етика на Здружение на судии на Република Македонија кое е предвидено во рамките на Кодексот на судиска етика на судиите на Република Македонија. Ова тело има советодавен карактер за прашања кои се однесуваат на повреди на принципите на Судискиот кодекс. Советодавното тело брои 7(седум) членови, при што на денешната седница беа избрани 6(шест) члена од предложените кандидати по пат на поединечно изјаснување на членовите на Управен одбор. Во однос на седмиот член – предложен од подружницата на Врховниот суд на Република Македонија, Управниот одбор дополнително ќе се произнесе.

На денешната седница Управниот одбор расправаше и за Предлог на закон за измени и дополнувања на Закон за судови и Предлог на закон за измена и дополнување на законот за Судски совет, на која членовите на Управниот одбор ги искажаа своите забелешки кои ќе бидат составен дел на забелешките што треба да пристигнат од подружниците на Здружението на судии на РМ, кои ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија

И на оваа седница Управниот одбор расправаше за платите и останатите статусни прашања на судиите при што заклучи да се преземат дополнителни активности со цел доследно почитување на Законот за платите на судиите.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)