Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, на седница одржана на ден 17.01.2022 година, донесе
МИСЛЕЊЕ
Судија може да биде член на Здружение при што во своето дејствување да се однесува на начин со кој се зачувува достоинството и дигнитетот на судиската функција и да се раководи од принципите утврдени во Кодексот за етика на судиите и судиите поротници.
О б р а з л о ж е н и е
До Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници поднесено е барање од страна на судија на Основен кривичен суд кое содржеше прашање Дали е во ред судија да биде член на Ротари клуб во Скопје, основан со мисија членовите – професионалци од повеќе области и лидери во зедницата, своите вештини и можности да ги стават во служба на заедницата во која битисуваат.
Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници го разгледа барањето, па по истото го донесе погоре наведеното мислење, кое е превентивно и има советодавен карактер, при што секој судија кој што сака да биде член на определено здружение, во зависност од актите на здружението, треба да оцени дали членувањето е во согласност со принципите на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници. |