Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, разлгедувајки ги актуелните состојби во судството, и особено последните случувања, најостро ги осудува нападите кои доаѓаат од било која страна, врз судиите и особено говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ, искажан на прес конференцијата одржана на 23.04.2019 година, кон судијата Сузана Дончевска, судија на Основен Суд Скопје 2 Скопје. Воедно Управниот одбор на Здружението на судиите ги повикува сите надлежни органи да преземат соодветни дејствија, во однос на целиот настан, кој се однесува на оваа судска постапка и последиците од истата, со цел обезбедување на предуслови за владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија. Притоа уште еднаш нагласуваме дека надлежните институции, се должни да ги применат обезбедените гаранции за заштита на интегритетот на судиите при нивното постапување. |