Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
СООПШТЕНИЕ
 
November 05, 2019
 

Управниот одбор на Здружението на судиите, на телефонската седница одржана на 04.11.2019 година, разгледувајки ја состојбата во однос на имплементацијата на договорените предлог мерки, за платите и другите надоместоци на судиите, утврдени на преговорите со Владата на Република Северна Македонија на 04.02.2019 година, а прифатени од страна на судиите, органите и телата на Здружението на судиите, како и од страна на Судскиот совет, Судско буџетскиот совет, Претседателот на Врховниот суд и претседателите на судовите, го изразува своето задоволство од позитивниот тек на исполнувањето на договорените обврски преземени од страна на Владата, а кои се однесуваат на исплатата на заостанатите додатоци на плати на судиите.

Во насока на целосно исполнување на договорените обврски, Управниот одбор на Здружението на судите ја поттикнува Владата, во што пократок рок, да ги исполни останатите обврски од договорениот пакет мерки, кои се однесуваат на Измените и дополнувањата на Законот за платите на судиите, со кои се уредува коефициентот за утврдување на плата на судиите и корекција на истиот, за што се одвиваат тековни активности во рамките на Министерството за правда, од страна на работна група, на која учествуваат повеке чинители на судскиот систем.

Управниот одбор уште еднаш го потенцира позитивниот ефект од воспоставениот дијалог помеѓу Владата и Здружението на судиите, поддржан од сите релевантни судски институции, со надеж за продолжување на истиот, и истовремено ја охрабрува Владата, во напорите за подобрување на материјалниот статус на судиите и тенденцијата на зголемување на буџетот за судската власт.

Управен одбор на Здружение на судии на Република Северна Македонија

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)