На ден 14 јули 2021 година се одржа осмата седница на Управен одбор на Здружение на судиите на РСМ, на која се донесе Одлука за одржување на Редовно Годишно Собрание, на ден 05 октомври 2021 година. На оваа седница се расправаше и за активностите во однос на платите на судиите при што Управниот одбор ги подржа истите и побара нивно интензивирање ,со цел што е можно побрзо решавања на ова прашање. На седницата беа разгледани и други тековни прашања. |