Претседателот Саити, придружуван од потпретседателката судија Емилија Шопар Јованова и судија Иван Џолев член на Управниот одбор, остварија средба со г-ѓа Сузан Фалатко - Заменик директор на канцеларијата за прашања на јужна и централна Европа при Стејт Департментот.
На средбата, претседателот Саити ги образложи сите досегашни проекти спроведени од страна на Здружението, како и изрази благодарност до Амбасадата на САД во Македонија и Стејт Департментот за безрезервната поддршка во имплементацијата на проектите за поддршка на реформата на правосудството, Планот 3-6-9 како и Стратегијата за реформа на правосудството, и исто така ја нагласи потребата од континуирана соработка со Амбасадата на САД во Македонија и Стејт Департментот.
Г-ѓа Сузан Фалатко, го изрази своето задоволство за напредокот на Здружението при имплементацијата на проектите, и исто така, ја констатира понатамошната поддршка кон Здружението, со акцент на континуирана соработка и поддршка во имплементација на наредните активности за унапредување на независноста и самостојноста на судиите, што ќе придонесе кон реформскиот процес на Република Македонија и нејзино приближување кон Евроатлантските интеграции.

 |