Судско Медиумскиот Совет при Здружение на судиите на Република Северна Македонија со својство на советодавно тело за унапредување на соработката помеѓу судиите и новинарите за прашања од заеднички интерес, како и зајакнување на судската транспарентност и пристапот на јавноста до правда на ден 26 ноември 2020 година ја одржа конститутивната седница, на која за претседател на Судско Медиумскит Совет е избран судија Иван Џолев. На седницата членовите ги договорија идните активности на Советот кои ќе продолжат во насока на развивање на соработката со релевантните институции, кон обезбедување партнерски пристап во заедничко остварување на предвидените цели. |