Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Известување
 
November 25, 2015
 Меѓународната асоцијација на судии IAJ е основана во Салцбург (Австрија) во 1953. Тоа е професионална, неполитичка, меѓународна организација, која ги здружува националните здруженија на судиите, одобрена од страна на Централниот совет.

Главната цел на Меѓународната асоцијација на судии IAJ е да се зачува независноста на судството, да се гарантираат човековите права и слободи.

Меѓународната асоцијација на судии IAJ во моментов опфаќа 84 национални здруженија од пет континенти, меѓу кои е и Република Македонија.

IAJ има четири студиски комисии, кои се занимаваат со судската администрација и статусот на судството, на граѓанското право и постапка, кривичното право и постапка, јавното и општественото право. Овие комисии се составени од делегати од националните здруженија. Тие се среќаваат секоја година. Врз основа на добиените национални извештаи, членовите на студиските комисии разгледуваат прашања кои се од заеднички интерес и кои се однесуваат на процесот на правдата, на компаративна и транснационална основа.

Периодично, IAJ организира меѓународни конгреси.

Беа одржани најновите состаноци на Централниот совет и на студиските комисии во Барселона (Шпанија, 2015).

На средбата во Барселона (Шпанија), која се одржа во октомври 2015 година, студиските комисии дискутираа на следниве теми: "Односите меѓу ефикасно управување на судовите и спроведување на правдата од страна на независни судии" (1-ва Студиска комисија); "Експерт докази" (2-ра Студиска комисија); "Малолетничка правда" (3-та Студиска комисија); "Причини за отпуштање на работници" (4-та Студиска комисија).

    *Меѓународната асоцијација на судии IAJ ги достави до сите земји членки заклучоците на Првата студиска комисија на тема "Односите меѓу ефикасно управување на судовите и спроведување на правдата од страна на независни судии", донесени на меѓународниот конгрес одржан во Барселона (Шпанија 2015 ) преведени на англиски и француски јазик. Врз основа на одговорите на прашалниците испратени од страна на Првата студиска комисија до сите земји членки на IAJ во месец април 2015 година и врз основа на дводневната дискусија помеѓу делегатите, Првата студиска Комисија ги извлече следните заклучоци во однос на наведената тема:

Повеќето земји имаат различни методи за доделување на предмети.

Доделување на предметите треба да биде врз основа на правила кои се објективно воспоставени и однапред познати на судиите, и предметите треба да бидат транспарентни и да можат да се проверат.

Во однос на зголемување на ефикасноста на судовите и намалување на времето за обработка на предметите, испораката на правдата е една од главните задачи на една земја. Затоа, судовите мораат да се справат дури и во време на економски притисок и немање доволно ресурси. Квалитетот на работата на судијата е од примарно значење. Притисокот за зголемување на ефикасноста на судството (на пример, да се намали времето на решавање на предметите и зголемувањето на ефикасноста), не треба да има негативни последици на намалување на квалитетот, ниту пак треба да влијае на независноста на судството во донесување на одлуки.

Зголемувањето на предметите што треба да се сработат треба да биде проследено со зголемување на ресурсите (зголемување на бројот на судии, зголемената употреба на правни службеници или други правни асистенти, подобро искористување на информатичко-комуникациската технологија, развојот на механизмите за рано водење на предметите, додавање на соодветни средства за почетна и континуирана обука на судиите, и разгледување на други иновативни постапки).

Проценката на судиите треба да биде врз основа на критериумите и правилата утврдени од страна на надлежниот орган во рамките на судството и треба да им биде позната на судиите пред тоа. Оценката на ефикасноста не мора да се концентрира само на квантитетот. Таа мора пред се да ги земе предвид комплексноста на случаите и квалитетот на одлуките и пресудите што се извршени.

Бидејќи работата на судството или јурисдикција е колегијална, проблемите треба да се решаваат во рамките на преземање на одржлив обем на работа.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)