Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Заклучок - Управен одбор 07.04.2022 година
 
April 08, 2022
 

Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на ден 07. 04.2022 година, ја одржа XII – та седница, на која расправаше за реализација на Предлог активностите за спроведување на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите и ги усвои следните:

Заклучоци:

1. Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, бара целосно исполнување на барањата на судиите дефинирани во Статегијата и Предлог активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите (по сите 6 точки), доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции.

2. Управниот одбор му дава приоритет на долгогодишниот дијалог со Владата на Република Северна Македонија, притоа очекува договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15%, да се усвојат од страна на Владата на РСМ во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, а во контекст на истакнатото барање за усвојување на измените на Законот за платите на судиите од страна на Собранието на РСМ во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.

3. Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата на Република Северна Македонија во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест, на ден 28.04.2022 година, од 11:00 до 11:30 часот.

4. Во насока на целосно остварување на истакнатите барања, Управниот одбор на ЗСРСМ, истовремено ќе ги активира сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции.

Заклучоците ќе бидат доставени до Министерството за правда при Владата на РСМ, претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите на Република Северна Македонија.

Скопје, 07.04.2022 година.

Управен одбор на ЗСРСМ

д-р Џемали Саити - Претседател

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)