Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
5-та регионална работилница на Здружението на судиите во соработка со Амбасадата на САД во Р.Македонија
 
April 16, 2018
 Дискусионите панели на работилницата беа на тема „Судска транспарентност и евалуација на судиите во светло на реформата во судството“.
На работилницата беше нагласено дека судиите и медиумите треба заемно да соработуваат во насока на зголемената транспарентност како еден од клучните фактори за враќањето на довербата во судството. Во таа смисла, постои потреба од формирање на Судско-медиумски совет, по примерот на современите практики во делот на транспарентноста на правосудството.
„Целта на оваа работилница е да се отвори дебата за потребата од унапредување на транспарентноста во судството, како и прашањето за можноста за официјализирање, односно поконкретна соработка со медиумите, како што е формирање на Судско-медиумски совет, кој ќе може да дебатира по заеднички прашања“, истакна претседателот на Здружението на судии на РМ, Џемали Саити, кој нагласи дека е потребно и судиите да се отворат кон медиумите и медиумите да бидат поупатени во однос на  работата на судиите.
Лора Браун, офицер за односи со јавност во Амбасадата на САД во РМ, повика на поголема транспарентност и соработка меѓу судиите и новинарите во однос на проверката на фактите и непристрасно известување.
Рашел Шели Коен, поранешна уредничка на секција при „Бостон хералд“, сега колумнистка за „Бостон глоуб“, на денешниот настан истакна дека отворањето на судовите кон јавноста е добар начин да се зголеми доверба на јавноста кон нив. Во таа насока, Коен ги пренесе своите долгогодишни искуства во врска со медиумското известувања за прашања од областа на правосудството.
Познатата американска новинарка и професорка нагласи дека кога се говори за транспарентност и отворање на судовите, тоа подразбира нивно отворање за камери и за секаков вид електронски уреди, за да можат репортерите да „твитаат“ и да пишуваат од судницата.
Говорејќи за Судско-медиумскиот совет чиј член е, Коен истакна дека овој совет ги спојува медиумите и судиите да работат на прашања од заеднички интерес.
„Првата работа што ја направи овој совет е давањето соодветна правна обука на новинарите за да можат да ја покриваат работата на судовите, што е многу комплицирана работа“, истакна Коен.
На настанот говореше и новинарот Васко Попетрески, кој се осврна на прашањето за медиумското известување за судството, додека пак за прашањето за евалуација на судиите во светло на реформата во судството говореа судиите Шпенд Деваја од Врховниот суд на Република Македонија, Зоран Јосифовски од Основниот суд Кавадарци и Љубен Биноски од  Основниот суд Прилеп.





Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)