Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
СООПШТЕНИЕ
 
April 29, 2020
 

Соопштение:

На 29.04.2020 година, се одржа XXXIX –тата седница на Управниот одбор на Здружението на судиите, преку мејл/телефонска комуникација, на која беше разгледана Одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, т.е Решението за поведување на постапка за oценување на уставноста и законитоста, со времена мерка, на член 2 став 3, во врска со членот 3, од Уредбата со Законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Бр.44 -2867/1 од 7 април 2020 година.

Тргнувајќи од ова Решение на Уставниот суд, а по повод поднесената Иницијатива, Управниот одбор на Здружението на судиите, очекува и во натамошниот тек на постапката да преовладуваат правните аргументи, со што ќе се почитува владењето на правото и правната држава.

Управниот одбор ја акцептира сериозноста на состојбата во која се наоѓа Република Северна Македонија, по објавената вонредна состојба предизвикана од Пандемија на Вирусот Covid 19, и во таа насока, во целост ги подржува активностите на Владата и останатите релевантни институции, во насока на изнаоѓање на креативни и функционални решенија за ублажувања на последиците од ваквата состојба, притоа изразувајќи особена почит и благодарност кон здравствените работници, за нивната пожртвуваност и секојдневно ризикување на нивните животи, за нас и нашите семејства односно сограѓани.

Имајќи ја предвид ваквата сензитивна состојба, притоа покажувајќи целосна солидарност за потребата од соодветна партиципација, без оглад на фактот дека постапката пред Уставниот суд не е окончана, Управниот одбор на Здружението на судиите донесе Одлука судиите да издвојат најмалку 20% од нивната плата, за месеците април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот Covid 19.

Управниот одбор ова одлука ја донесе во форма на Препорака, и истата судиите треба да ја почитуваат/спроведат на индивидуална и доброволна основа, при што ќе биде исполнета декларираната заложба на судиите, за учество во намалувањето на последиците од Пандемијата.

Управниот одбор предлага ова активност да се спроведена преку подружниците на Здружението на судите, во соработка со претседателите на судовите и судиите.

Судиите, подружниците на Здружението на судии и Управниот одбор на Здружението на судиите, во целиот овој процес беа раководени од принципот на законитост,солидарност и пропорционалност односно сразмерност.

Скопје, 29 април 2020 година.

ЗСРМ – Управен одбор - Претседател

д-р Џемали Саити – судија на ВСРСМ

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)