Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Пресудата Бајалџиев против Република Македонија
 
December 13, 2011
 

Во оваа пресуда се укажува на супсидијарната примена на Европската конвенција за човекови права и нејзиното значење erga omnes и res interpretata. Тоа значи дека пресудите на Европскиот суд за човекови права ги обврзуваат судовите во Република Македонија кои се должни преку пратење на праксата на Европскиот суд за човекови права изразена преку одлуките на тој суд да ги применуваат во домашниот правен поредоки, имајки предвид дека Република Македонија согласно Уставот на 10.04.1997 година ја има ратификувано Европската Конвенција за човекови права.

Поаѓајки од тоа ја ставаме до знаење на судиите и стручната јавност пресудата БАЈАЛЏИЕВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Жалба бр. 4650/06) од која произлегува следниот заклучок:

Во случајот БАЈАЛЏИЕВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, (Жалба бр. 4650/06) ПРЕСУДА на Европскиот суд за човекови права –СТРАЗБУР од 25 октомври 2011. Која пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во членот 44 став 2 од Конвенцијата. (Истата може да биде предмет на редакциски измени.)

Судот, Утврдува дека има повреда на членот 6 од Конвенцијата заради недостиг на непристрасност кај Врховниот суд;

РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО

1. Закон за граѓанска постапка од 1998

20. Членот 65 став 1 точка 5 од Законот од 1998 година, кој се применувал во тоа време, предвидувал, интер алиа, дека судијата не може да ја врши судиската должност ако тој или таа учествувале во донесувањето на одлуката на понискиот суд или на друг орган во истиот предмет.

21. Согласно член 66 став 1 од Законот од 1998 година, судијата е должен, штом ќе дознае дека постои некоја од причините за изземање, да ја прекине секоја работа врз предметот и за тоа да го извести претседателот на судот да определи заменик.

22. Одребите што се однесуваат на барањето за заштита на законитоста релевантни во случајов се опишани во пресудата Бочварска (види Бочварска против Република Македонија, бр. 27865/02, §§ 54-58, 17 септември 2009).

НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

25. Жалителот се жалел согласно членот 6 од Конвенцијата дека постапката не била фер бидејќи истиот судија, поточно судијата В.К., учествувал во пресудувањето во истиот предмет во втор и трет степен. Тој исто така се жалел за должината на постапката. Членот 6 став 1, релевантен во случајот, гласи:

“Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски ....има право на правично .... судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон.”

Допуштеност

26. Владата не истакна приговори за допуштеност на жалбата. Меѓутоа, Судот направи прелиминарни обсервации на прашањето за примената на членот 6 од Конвенцијата во постапката по барањето за преиспитување на законитоста во конкретниов предмет. Согласно судската пракса на Судот, постапката по барањето за преиспитување на законитоста не е ефективен правен лек во смисла на членот 35 став 1 од Конвенцијата што се бара жалителите да го искористат ((види Trajce Stojanovski v Republic of Macedonia (dec.), бр. 1431/03, 16 септември 2008 и Dimitrovska v. Republic of Macedonia (dec.),, бр. 21466/03, 30 септември 2008, во кои јавниот обвинител ги одби барањата на жалителите за поднесување на барање за заштита на законитоста до Врховниот суд). Во пресудата Бочварска Судот го сметаше членот 6 применлив во ситуација кога барањето за заштита на законитоста беше прифатено и тоа беше значително неповолно за жалителот. Во тој случај, Судот утврди повреда на барањето за разумен рок во однос на постапката каде постапката по барањето за заштита на законитоста беше четири пати успешно поведена (види Бочварска, погоре цитирана). Во пресудата Gorou (види Gorou v. Greece (бр. 2) [GC], no. 12686/03, §§ 27-36, ECHR 2009‑...) Судот го сметаше членот 6 применлив во слична постапка, која заврши со одбивање на јавниот обвинител да поднесе жалба заради повреда на правото до Касацискиот суд. Во овој случај, јавниот обвинител поднесе барање за заштита на законитоста до Врхониот суд кој го одби како неосновано. Земајќи во предвид дека резултатот од постапката за заштита на законитоста беше јасно одлучна за „граѓанското право што е во прашање” на жалителот, нема препрека за применливост на членот 6 во оваа постапка после нивното покренување од страна на јавниот обвинител.

27. Судот утврди дека апликацијата не е неоснована во смисла на членот 35 став 3 точка а од Конвенцијата. Понатаму, утврди дека не е недопуштена по било кој друг основ. Оттука, мора да биде прогласена за допуштена.

Основаност

1. Наводна повреда на правото за судење од непристрасен суд

(а) Произнесување на странките

28. Владата се произнесе дека Врховниот суд не бил пристрасен бидејќи судијата В.К. не судела во советот на Апелациониот суд кој ја донел одлуката која била оспорена со барањето за заштита на законитоста. Понатаму, советот на Апелациониот суд, кога заседавал со него В.К како претседател на советот, не одлучувал за основаноста на предметот на жалителот, туку наредил враќање на предметот заради процесни причини. Конечно, советот на Врховниот суд бил составен од пет судии. Во прилог на овие аргументи Врховниот суд доставил мислење од јануари 2011 година.

29. Жалителот ги повтори неговите наводи дека Врховниот суд не бил непристрасен бидејќи неговиот совет го вклучувал и судијата В.К., кој претседавал со советот на Апелациониот суд кога требало да одлучува по неговиот случај.

(б) Оценка на Судот

30. Според постојаната јуриспруденција на Судот, постоењето на непристрасност мора да се утврди врз основа на субјективен тест, односно врз основа на лична убеденост за конкретен судија во одреден случај и исто така, според објективен тест, имено, со утврдување дали судијата дал доволно гаранција потребна за исклучување на било каков легитимен сомнеж во тој поглед (види Николов против Република Македонија, бр. 41195/02, § 19, 20 декември 2007).

31. Во однос на субјективниот тест, личната непристрасност на еден судија мора да се претпостави се додека не се докаже спротивното (види Padovani v. Italy, 26 February 1993, § 26, Series A no. 257-B, и Morel v. France, no. 34130/96, § 41, ECHR 2000-VI).. Во овој случај, нема доказ дека судијата В.К. постапувал со било која лична предрасуда. Ова не е оспорено од странките.

32. Во однос на вториот тест, кога ќе се примени на тело во совет, тоа значи да се утврди дали, без оглед на личниот однос на било кој член од тоа тело, има утврдливи факти кои може да доведат до сомнение за неговата непристрасност. Во тој поглед, дури и изгледот може да има значење или со други зборови „правдата не треба само да биде задоволена, туку мора да биде и видена за да биде задоволена.” Она што е во прашање е довербата која судовите во едно демократско општество мора да ја поттикнуваат во јавноста. Оттука, секој судија во однос на кој има основана причина за страв од отсуство на непристрасност мора да се повлече (види Micallef v. Malta [GC], no. 17056/06, §§ 96 and 98, ECHR 2009‑...).

33. Следува дека кога се одлучува дали во одреден случај има основана причина за страв дека на одредено тело му недостига непристрасност, ставот дека тоа тело не е непристрасно е важен, но не и клучен. Она што е одлучно е дали стравот може да се смета за објективно оправдан (види San Leonard Band Club v. Malta, no. 77562/01, § 60, ECHR 2004‑IX).34. Во овој случај, загриженоста на жалителот во однос на непристрасноста на Врховниот суд произлезе од фактот дека во неговиот совет бил вклучен судијата В.К., кој претходно одлучувал по предметот како претседател на советот на Апелациониот суд во донесување на одлуките од 19 јуни 1997 и 14 март 2001 (види погоре параграфи 9 и 12).

35. Судот забележува дека членот 65 став 1 точка 5 од Законот од 1998 (види параграф 20 погоре) ја изразува грижата на националното законодавство за отстранување на сите разумни сомненија околу непристрасноста на судот во прашање и претставува обид за отстранување на секоја појава на пристрасност (види Oberschlick v. Austria (no. 1), 23 May 1991, § 50, Series A no. 204, and Mežnarić v. Croatia, no. 71615/01, § 27, 15 July 2005). Согласно ставот на Владата, еден судија треба да биде изземен само од одлучување по правен лек за одлука во чие донесување тој или таа веќе учествувал. Бидејќи судијата В.К. не била член на советот на Апелациониот суд кој ја донел одлуката од 5 февруари 2004 која била оспорена со барањето за заштита на законитоста, според Владата немало проблем со непристрасноста на Врховниот суд. Не беше доставен доказ дека таквото толкување е резултат на востановена практика.

36. Судот прифати дека постоечката ситуација може да разбуди сомнеж кај жалителот во однос на непристрасноста на Врховниот суд. Мора да се одлучи дали тие сомнежи биле објективно оправдани. Одговорот на ова прашање зависи од околностите на случајот.

37. Во тој поглед, Судот забележува дека домашните судови биле повикани да одлучат по истото прашање низ постапките, имено, барањето на жалителот за утврдување на ништовност на договорот за дар склучен помеѓу г-ѓа Н.Б и г-дин Ј.Б. Точно е дека еден ист судија судел двапати во исто својство, прво како претседател на судечкиот совет на Апелациониот суд, потоа како член на судечкиот совет на Врховниот суд. Советот на Апелациониот суд, кога со него претседавал судијата В.К., ги донел двете одлуки од 19 јуни 1997 и од 14 март 2001 укинувајќи ги првостепените одлуки во корист на жалителот. Судот не може да го прифати аргументот на Владата дека укинувањето на тие одлуки било врз процесни основи, како што бил случајот со одлуката на Апелациониот суд од 15 декември 1999 во чие донесување судиајта В.К. исто така учествувал (види параграф 10 погоре). Двете одлуки биле донесени после сеопфатно разгледување на случајот и по доставувањето на писмено изјаснување на тужениот. Апелациониот суд во двата наврати, дал конкретни инструкции за правилна примена на материјалното право (види параграфи 9 и 12 погоре). Одлуката на Врховниот суд од 18 мај 2005 со која било одбиено барањето за заштита на законитоста и потв одлуката што беше неповолна за жалителот, цитираше релевантни делови од одлуката на Апелациониот суд од 14 март 2001 (види параграфи 12 и 18 погоре). Дека судијата В.К. не учествувал во донесувањето на одлуката што била оспорена со барањето за заштита на законитоста не е важно бидејќи таа веќе имала формиран став за основаноста на барањето на жалителот пред случајот да се поднесе до Врховниот суд.

38. Во такви околности, Судот смета дека постои објективна оправданост за мислењето на жалителот дека судијата В.К. ја немала потребната непристрасност до она ниво неопходно согласно членот 6 од Конвенцијата.

39. Следствено, постои повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.

Следи заклучок,

Во сите случаи и без исклучок, судија кој учествувал во доднесување на одлука, односно на пониска судска инстанца од таа каде во моментот одлучува, како и во случаиите кога превзел било какво процесно дејство во пониска судска инстанца од таа во која во моментот одлучува или во поширока смисла се исполнети било кои од условите од член 64 од Законот за парничната постапка, член 33 од Законот за кривичната постапка, член 40 од Законот за Општата управна постапка, последователно со Законот за управните спорови, кога ќе добие таков предмет во работа, како поединец или во совет, должен е да препознае потреба да се изземе од постапувањето по предметот и да не дозволи повреда на правото на правично судење, како перцепција на странката дека судијата се појавува во повеке инстанци на одлучување.

Во прилог Пресудата

Пресуда Бајалџиев против Република Македонија.doc
Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)