Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
ЧЕСТИТ ДЕН НА ПРАВОСУДСТВОТО!
 
March 31, 2016
 
        Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија на сите чинители во правосудниот систем им го честита денот на правосудството, воедно потенцирајќи го значењето и улогата на правосудството како чувар на Уставот и неговата првенствена функција- спроведување на правдата како перманентен двигател за заштита на правото и моралните вредности на кои почива правдата.

        На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околински судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Од тие причини, 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно поставување на темелите на судството во Република Македонија.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)