Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Меморандум за соработка
 
April 16, 2024
 

Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставувано од претседателот на здружението д-р Џемали Саити и Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје, претставуван од претседателот на здружението Лидија Стојкова Зафировска склучија Меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е да се обезбеди соработка помеѓу Здружението на судии на Република Северна Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи, за успешна имплементација на проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан’’. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

Во Република Северна Македонија имплементацијата на законите од областа на животната средина често пати се одвива отежнато (воздух, отпад, вода, природа, индустриско загадување, хемикалии, бучава…), а особено загрижува спроведувањето и хармонизација со Директивите за оцена на влијанието врз животната средина и стратегиска оцена на животната средина. Видливо е постепеното зголемување на еколошките престапи, а со тоа и бројот на пријави и пресуди за истите (27 пресуди во 2019 година, 81 во 2020 година и 126 во 2021 година). Сепак, независно од тоа, многу престапи остануваат неказнети или пак глобите со кои се санкционирани се незначителни. Новиот Кривичен Законик внесе новитети во делот на казни и одговорност за правни лица, со што националното законодавство стана подобро усогласено со директивите на Европската Унија. Сепак, во главните одговорни институции, како судството, јавното обвинителство, Министерството за Внатрешни работи, Државниот Инспекторат за Животна Средина недостасуваат капацитети за спроведување на овие новости, особено во врска со еколошките престапи, методите за утврдување на штетата и утврдување на одговорноста.

 

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)