ПРАВНА ШКОЛА ЗА НОВИНАРИ ДЕЛ 1 - 02.12.2019
Во рамките на проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско медиумскиот совет“ на 2ри декември во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа првиот дел од работилницата Правна школа за новинари со наслов „Правосудство, кривична правда и медиуми“. Работната сесија беше поделена на три делова кои се разликуваат меѓу себе со нивната специфика и сложеност. Во првиот дел Судски практики во известувањето на медиумите акцентот беше ставен на сегашните состојби во судовите на Северна Македонија и нивниот однос со медиумите и нивната различност. Во овој сегмент беа разгледувани протоколите за односи со медиумите на Судскиот совет на РС Македонија, за кои присутните се согласија дека потребно е изменување. Во овој сегмент беше организирана интерактивна дискусија на тема Заедно против лажните вести. Вториот сегмент од работилницата беше посветен на Обвинителските практики во известувањето на медиумите каде акцентот беше ставен на предистражната постапка во аспект на достапност на податоците – кои податоци се јавни, кои не и зошто. Третиот дел од работилницата беше посветен на новинарските потреби за пристап до информации каде присутните ги дискутираат спорните членови од Судскиот деловник и ја нагласија потребата за реформа на дел од одредбите во Глава 5 од Деловникот во насока на обезбедување поголема транспарентност на судовите кон јавноста. |