Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ - МИСЛЕЊЕ
 
February 17, 2020
 

Судско медиумскиот совет на XIII седница што се одржа на 30.01.2020 година, врз основа на чл. 5,6,7 и 9 од Деловникот за работа, го донесе следното

Мислење бр.1(2020)

на Судско медиумскиот совет

за известување за судските постапки

Скопје, 12. Февруари 2020 година

I. Вовед

1. Во согласност со поднесената иницијатива до Судско медиумскиот совет за начинот и обемот на известување, како и природата на информации кои може да се пласираат во јавноста кога во рамки на тековните судски постапки се сослушуваат сведоци, Судско медиумскиот совет подготви Мислење за известување за судските постапки.

2. Во своите дискусии членовите на Судско медиумскиот совет, заклучија дека насловот соодветно го одразува целниот предмет.

3. Мислењето е подготвено врз основа на законодавството на Републкика Северна Македонија и тоа Уставот на Република Северна Македонија, Законот за кривична постапка, Судскиот деловник, ЕКЧП чл.10, како и релевантните инструменти на Советот на Европа, Мислењето бр. 7 од ССЕС во однос на "Правда и општество" и Мислењето бр. 12 на Европскиот советодавен совет за судии.

4. Целта на оваа мислење е да се испитаат главните проблеми и примарните потреби за примена на начелото на јавност и известувањето за судските постапки.

II. Опфат на мислењето

5. Оваа мислење го третира прашањето на слободата на јавно информирање, слободата на пренесување и примање на информации, на обврската за транспарентност, која законодавецот ја гарантирал преку начелото на јавност на кривичната постапка и обврската за правилно утврдување на фактичката состојба во насока на зачувување на интегритетот на сведочките искази, која законодавецот ја гарантирал преку пропишување на обврска за одделно сослушување на сведоците (член 219 став 1 од ЗКП).

6. Согласно чл.16 од Уставот на Република Северна Македонија, се гарантира слободата на јавно информирање, како и слободата на пренесување и примање на информации, а воедно цензурата е забранета. Уставот на РСМ во согласност со чл.10 ст.2 од ЕКЧП упатува на ограничувања при слободата на изразување, при што децидно се регулира дека тие ограничувања се проверуваат преку трипартитен тест и тоа, дали има ограничување со закон, дали тоа ограничување има легитимна цел и дали тоа ограничување е неопходно за едно демократско општество.

7. Согласно член 360 ст.3 од Законот за Кривична постапка е предвидено дека во судницата не можат да се вршат филмски и телевизиски снимања. По исклучок, Претседателот на Врховен суд на Република Северна Македонија може да одобри такво снимање на одделна главна расправа. Ако снимањето е одобрено, советот на главната расправа може од оправдани причини да одлучи одделни делови на главната расправа да не се снимаат.

8. Согласно член 356 ст. 1,2,3 и 4 од Судскиот деловник
е предвидено дека новинарите - известувачи можат да присуствуваат на јавните расправи во парничната постaпка и на главните расправи во кривичната постапка без обврска претходно да прибават одобрение од судот. Судот е должен да обезбеди услови за нивно присуство и работа.

Визуелното (видео) и звучното (аудио) снимање, известување и фотографирање во судската постапка може да се врши по одобрение на претседателот на судот, со претходно прибавено мислење на судијата и овластениот тужител во кривичната постапка и со писмена согласност на странките во парничната постапка.

Со исклучок, ако странката во постапката е државен функционер или службеник, претставник на локалните власти или лице кое врши друга јавна работа, писмена согласност за снимање или фотографирање не е потребна.

При давањето на одобрението за фотографирање и снимање ќе се води сметка за интересирањето на јавноста, интересите на постапката, приватноста и безбедноста на учесниците во постапката.

Согласно член 363 ст. 1 од Судскиот деловник е пропишано дека видео и звучно (магнетофонско) снимање на главната расправа во кривичната постапка и јавно прикажување (репродуцирање) на снимката надвор од случаите предвидени со Законот за кривичната постапка се врши по одобрение на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по предходно прибавено мислење на претседателот на советот, судиите и со согласност на странките.

9. Европската конвенција за човекови права во чл.10 ст. 1 и 2 пропишува дека секој човек има право на слобода на изразувањето. Оваа право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

10. Мислењето бр. 7 од ССЕС во однос на "Правда и општество" упатува дека судиите несомнено се изјаснуваат во јавноста преку своите одлуки, согласно принципот на транспарентност и основите од членот 10 од ЕКЧП и дека судиите треба да ги подобрат своите односи со претставниците на медиумите и да постапат по барањата за информации од јавен карактер, без повредување на интересите на правдата во конкретниот случај.

11. Мислењето бр. 12 на Европскиот советодавен совет за судии, укажува дека принципот на транспарентност на судството мора да биде дополнет со соодветни форми на соработка и континуирана едукација на судиите и новинарите.

12. Судско медиумскиот совет нагласува дека, медиумите играат суштинска улога во едно демократско општество воопшто и поконкретно во однос на судскиот систем.

13. Секој суд мора да се приспособи на примена на начелото на јавност на судските постапки, без ограничлување доколу со закон не е поинаку утврдено.

14. Секогаш не е од витално значење медиумите навремено, точно и вистинито да ја информираат јавноста за текот на судските постапки.

15. Судот не може да го ограничи новинарот за пренесување на изјавите на сведоците, односно судовите не смеат да преземат улога на одредувањето како новинарите да ја работат својата работа, ниту пак можат да кажат која техника на известување да ја усвојат/применат новинарите, а бидејќи во спротивно сериозно би се загрозил придонесот на медиумите во отворањето на дебата за прашања од јавен интерес. Ограничување може да има само доколку има исклучително силни причини за тоа, а при тоа истото да биде пропишано со закон, да има легитимна цел и да е неопходно во едно декомкратско општество.

III. Заклучок и препопраки

16. Судско медиумскиот совет ја поздравува иницијативата како сретство за подобрување на квалитетот на транспарентноста и јавноста во судските постапки.

17. Јавноста во судските постапки никогаш не смее да ги повреди гаранциите и процедуралните права на странките во постапката.

18. Судско медиумскиот совет поттикнува известување за судските постапки на начин, обем и форма кој значи унапредување на начелото на јавност без ограничување освен во случаите предивдени со закон.

19. Јавноста има право да знае како судовите постапуваат, а медиумите обврска навремено да пренесат точни информации.

20. Известувањето од судските постапки треба да обезбеди доволно важни информации за клучните аспекти од судките процеси за да и се овозможи увид на јавноста за квалитетот на правдата. Објавувањето на информациите треба да биде внимателно урамнотежен за да се заштитат чуствителни информации во врска со предметот, кога тоа е неопходно.

21. Секое известување од судските постапки да ги земе во предвид интересиоте на јавноста.

22. Судско медиумскиот совет укажува дека кога седницата е јавна, ниту судот, ниту законите не дозволуваат интерперетација на тоа што и во кое време смее да се објавува. Останува непосредниот контакт на обвинителот со новинарите, но, за случаи кога има потреба да не се наштети на обвинението и кои би биле по исклучок.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)