Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Промоција на книга КРИВИЧНОТО ПРАВОСУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА 1878-1912 ГОДИНА, на Д-р Милка Ристова, судија на Врховниот суд на РМ
 
April 15, 2013
 Здружението на судиите на Република Македонија и авторката Д-р Милка Ристова, судија на Врховниот суд на Република Македонија Ве покануваат на промоција на книгата КРИВИЧНОТО ПРАВОСУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА 1878-1912 ГОДИНА.
Промоцијата ќе се одржи на 19.04.2013 година (петок) во 11 часот во Големата сала на Врховниот суд на РМ на прв кат.

Книгата КРИВИЧНОТО ПРАВОСУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА 1878-1912 ГОДИНА е магистерски труд на Д-р Милка Ристова под менторство на проф.др.Љупчо Арнаудовски, одбранет во 1990 година на Правниот Факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предмет на научен интерес во истражувањето се почетоците на поновата државно-правна историја на македонскиот народ во втората половина на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век. Книгата е напишана во осумдесеттите години на минатиот век, во време кога Република Македонија сеуште е една од шесте републики на Југословенската Федерација ( СФРЈ), односно пред нејзината независност.

Книгата КРИВИЧНОТО ПРАВОСУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА 1878-1912 ГОДИНА ќе се продава на самата промоција на 19.04.2013 година по цена од 200 денари.
Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)