Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Прва средба на членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор
 
August 04, 2017
 Воедно, министерот за правда ја истакна улогата на Советот за реформа како советодавно тело чија примарна задача е расправа за најзначајните одлуки за правните прашања од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во процесот од работна верзија, нацрт до нејзино конечно усвојување, како и за законските решенија кои ќе произлегуваат од истата.

Министерот за правда ги предочи очекувањата на Министерството за правда и ја истакна можноста Советот самиот да иницира прашања, законски измени, како и да ги дефинира најдобрите пракси за надминување на сите отворени проблеми и дилеми во правосудниот сектор. Секоја тема за која се смета дека е битна за реформите во сферата на правосудството е потребно да се актуелизира и да се иницира расправа.

Мислењата и насоките на Советот за реформа ќе бидат презентирани на оперативните работни групи и на седниците на Владата на Република Македонија.

Министерот нагласи дека Советот ќе има клучна задача во следење на активностите кои ќе произлезат за реализација на Стратегијата и нејзиниот Акциски план за наредните 5 години.

По размена на мислењата на членовите на Советот и дискусијата за состојбите се разграничи надлежноста на Советот за реформа на правосудниот сектор од реализацијата на Планот за итните реформски приоритети и се утврди динамиката за работа на Советот, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)