Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Произнесување на Здружение на судиите на РСМ по Извештајот на Стејт департментот
 
March 23, 2023

Здружение на судиите го поздравува Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Северна Македонија, притоа нотираните факти во однос на судската независност и самостојност, случаите на несоодветно однесување во судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството, кои ја попречуваат ефикасноста на судиите и влијае на довербата на јавноста во владеењето на правото, целосно кореспондира со заложбите на Здружението на судиите и Заклучоците на VII-та Меѓународна судиска конференција одржана на 2-3 ноември 2022 година, во организација на ЗСРСМ со подршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и CEELI Institute од Прага, на која учествува судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет на РСМ, судии од земји членки на Европска Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.

Овие Заклучоци беа доставени до соодветните национални институции, кои уште еднаш ги повикуваме заедно да работиме на имплементација на истите и нотираните забелешки во Извештајот за 2022 година, со цел обезбедување на соодветни услови за владеење на правото и правната држава, заложби потврдени на XVI – то Редовно Собрание на ЗСРСМ, одржано на 21 февруари 2023 година, во донесената Декларација, на која Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа истата треба да биде подржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата, само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.

Собранието ги повика судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневното однесување, истовремено охрабрувјќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на информациите, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција на граѓаните кон работата на судиите.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)