Согласно препораката Бр.(94) 12 на ССЕС ,,платите на судиите треба да бидат гарантирани со закон и соодветни на достоинството и одговорноста што со себе ја носи професијата,,.
Европската повелба на судиите укажува на цврсто и реално признавање на улогата и адекватни плати во заштита од притисоци кои влијаат врз одлучувањето, независноста и обезбедување на „де факто“ зголемување на платите пропорционално на статусот, улогата и животните трошоци.
Унапредувањето на финансиската независност претставува клучна претпоставка за судската независност, квалитетот на правораздавањето, транспарентноста, а со тоа и зголемувањето на довербата на граѓаните во правосудните институции и правната држава.
Статусот на судиите особено во земјите членки на ЕУ, несомнено го гарантира степенот на достоинството и одговорноста на судиската професија.
За жал судиите во Северна Македонија се наоѓаат на последното место во регионот со најниски нето месечни примања.
За таа цел членови на Управниот одбор на Здружение на судиите на РСМ изготвија Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите согласно заклучок донесен на XV-то Редовно Годишно Собрание на Здружение на судиите на Република Северна Македонија и истата беше усвоена на ден 10.02.2022 година.
.
СТРАТЕГИЈА.docx |